Скопје, 26. kolovoza 2019.

Средба на премиерот Заев со хрватската амбасадорка Баришиќ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Данијела Баришиќ, амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија, која го завршува нејзиниот мандат во земјава.

На средбата се изразени честитки за досега сработеното од страна на премиерот Заев и на промени ќе продолжат со досегашното ефикасно темпо. Исто така изразена е поддршка за интеграциите на Република Северна Македонија.

Разговарано е за важноста од ефикасното справување со криминалот и корупцијата и во таа насока, од донесување на законот за јавно обвинителство.

„Ги поставивме, како Влада, сите предуслови за функционална правна држава. Очекуваме тој процес да го заокружиме со скорешно донесување на законот за јавно обвинителство во Парламентот. Интеграциите во НАТО и очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ ги дадоа првичните резултати со раст на економијата. Повисоки плати и раст на стандардот на граѓаните е она на што сме силно фокусирани“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев изрази голема благодарност до амбасадорката Баришиќ за нејзиниот личен придонес за надминување на најтешките моменти во обновата на демократските процеси во земјава, како и до Република Хрватска којашто е традиционален и искрен пријател и поддржувач на Република Северна Македонија.

На состанокот е соопштено дека напредокот на евро интеграциите на нашата држава и проширувањето на ЕУ ќе бидат во фокусот на хрватското претседателство со Советот на ЕУ кое започнува од 1-ви јануари 2020 година.

(izvor: https://vlada.mk/node/18821)

Copyright (c) 1997.- 2020. Ministarstvo vanjskih i europskih poslova RH Sva prava pridržana