Скопје, 27. kolovoza 2019.

Министерот Димитров оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Даниела Баришиќ. „Благодарани сме на пријателството, ентузијазмот, искреноста и посветениот однос кон нас.“ – истакна МНР Димитров, посакувајќи и’ на амбасадорката Баришиќ среќа и успех во следните професионални предизвици.  Истовремено, министерот Димитров се заблагодари за силната и безрезервна поддршка што во континуитет е упатувана од Република Хрватска за европските и евро-атлантските интегративни процеси на Република Северна Македонија, дотолку повеќе што токму Хрватска беше меѓу првите земји-членки кои го ратификуваа пристапниот Протокол за НАТО.

На средбата, на амбасадорката Баришиќ и’ беше врачена благодарница за нејзината посветеност и придонес  во продлабочувањето на македонско - хрватското пријателство.

 

(izvor: http://mfa.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3184:proshtalna-sredba-na-mnr-nikola-dimitrov-so-ambasadorkata-na-republika-hrvatska-daniela-barishikj&catid=52:soopstenija-do-javnosta&Itemid=684&lang=mk)

Copyright (c) 1997.- 2020. Ministarstvo vanjskih i europskih poslova RH Sva prava pridržana