Куманово, 08 мај 2018

Oдбележан Денот на Европа

Денеска под покровителство на Општина Куманово и Европското движење во Р.М. со богата програма беше одбележан Денот на Европа во Куманово.По тој повод, Градоначалникот Максим Димитриевски имаше средба со амбасадорите на Франција, Италија, Шпанија и Хрватска во просториите на општината, а подоцна се упатија на улицата „Тоде Мендол“ каде што беа засадени садници.

Делегациите на амбасадорите и градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваа на Квиз за ЕУ, организиран од средните училишта во Куманово. Учениците од основните и средните училишта во општината приредија музички хепенинг на плоштадот каде што беа поставени и штандовите за промоција на државите од Европа.

По повод одбележувањето на Денот на Европа се одржа трибина со наслов „70 години од Хашката конференција„ на која покрај Градоначалникот и Претседателот на Советот на Општина Куманово,амбасадорите, учество зедоа и советниците, невладините организации од Куманово,  претставници од основните и средните училишта, јаните устави, претпријатија и граѓани.