Шибеник, 15 октомври 2018

Сузбивањето на корупцијата дава резултат со обединети чинители

Министерката за правда, проф. д-р Рената Дескоска денеска се обрати на меѓународната конференција „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста со цел обезбедување интегритет: Обединети против корупција“ во организација на Групата на држави на Совет на Европа – ГРЕКО и Министерството за правда на Република Хрватска и се одржува во Шибеник.

Министерката за правда Рената Дескоска во своето обраќање потенцираше дека без исклучок, како криминален и социолошки феномен, морален и етички проблем, во различен вид и интензитет, корупцијата е присутна во сите држави.

Министерката се задржа подетлно на активностите кои Република Македонија ги презема за превенција и репресија на корупцијата, како за националните, така и за меѓународно- превентивните и репресивни мерки, а со кои се  јакне меѓу-институционалната, регионалната и меѓународната соработка.

„Нема компромис кога станува збор за корупцијата – мора да се бориме против неа. Во оваа борба сме поефикасни кога сме обединети. Меѓународната соработка може да помогне во поттикнувањето на волјата за борба против корупцијата и способноста да се бориме со неа“ –истакна министерката Дескоска.

(izvor: http://www.pravda.gov.mk/vest/2892)