Скопје, 09 јули 2019

Семинар „Подготовка за процесот на преговори со ЕУ- Хрватското искуство“

Државната секретарка за европски прашања, Калинка Габер, денес, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, го отвори семинарот на тема „Подготовка за процесот на преговори со ЕУ- Хрватското искуство“, каде учествуваа државните секретари  од ресорните министерства..

„Верувам дека презентирањето на хрватскиот модел за процесот на пристапување ќе биде корисно за сите нас, со оглед на тоа што се наоѓаме во период пред донесување на очекуваната одлука за датум за почеток на преговорите во октомври оваа година“, истакна Габер на почетокот, додавајќи дека ова воедно е можност за размена на искуства со луѓе кои биле вклучени во самиот процес на пристапни преговори, и тоа во текот на сите фази до пристапувањето на Хрватска во Унијата, што е од исклучителна важност за нас.

На семинарот презентации одржаа хрватските експерти Дубравка Влашиќ Плеше, советник на хрватскиот премиер и поранешна секретарка на тимот за преговори и раководителка на работната група за Поглавје 1 и Кристиан Туркаљ, државен секретар во Миинистерствот за правда и поранешен преговарач за Поглавје 23.Фокусот беше ставен на практичните аспекти на Координативниот механизам, односно улогата на државните секретари, институциите, вклучувањето и консултациите со засегнатите страни, како и координацијата на прашањата поврзани со ЕУ во претпристапниот период.

Државната секретарка Габер нагласи дека паралелно со формирањето на преговарачката структура, Владата и администрацијата работат на анализа на правните акти на ЕУ кои се презентирани на објаснувачките состаноци и нивно инкорпорирање во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Со поддршка на СИГМА се работи на мапирање на законодавниот процес со фокус на транспозиција на ЕУ законодавството во националните прописи, по што ќе се подготви и Прирачник за транспозиција и ќе се организираат обуки.

Овој семинар се организира како продолжение на по посетата на Хрватска од страна на државната секретарка Калинка Габер заедно со тим од Секретаријатот за европски прашања, во април оваа година, со која беше означен почетокот на соработката во областа на европската интеграција и тоа во По9главјата 1, 3, 11, 23 и 27, за што Габер изрази особена благодарност до хрватската амбасадорка во земјава, Данијела Баришиќ.

(izvor: http://www.sep.gov.mk/content/?ID=2521#.XScuncsUmUk)