Skopje, 31 јули 2018

Премиер Заев ја пратил телеграма за сочувство по повод смртта на Оливер Драгојевиќ

По повод смртта на легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ премиерот Заев ја пратил телеграмата за сочувство до граѓаните на Хрватска, Владата на Република Хрватска, Амбасадата на Република Хрватска во Македонија и до сите негови обожаватели, во свое лично име и во име на Владата на Република Македонија. "Загуба е голема и заедничка.  Бројни генерации пораснаа и живееа со песните на великанот на хрватска музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе на територијата во бивша држава, како и Балканот и светот".

"Оливер Драгојевиќ повеќе не е со нас, но безвременска музика и емоции кои  ги дал на светот го направиле саканиот музичар вечен. Нек почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар Оливер Драгојевиќ" стои во телеграма на сочувство, кој го испратил премиер Заев до Амбасадорка на Република Хрватска Н.Е. Данијела Баришиќ.

(Izvor: http://vlada.mk/node/15309)