Скопје, 04 октомври 2018

Предавање и официјална посета на НАТО Контакт Амбасадата

Како дел од "ШКОЛА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ", АТА Македонија го организираше второто предавање со Амбасадорката на Хрватска во Македонија, Н.Е. Данијела Баришиќ, како и првата официјална посета на НАТО Контакт Амбасадата / Амбасадата на Хрватска во Македонија.

Темите на предавањето беа: хрватското искуство на патот кон НАТО и ЕУ, како да се делува како вистински дипломат, борбата против современите безбедносни предизвици, регионалните политики и улогата на НАТО Контакт Амбасадата во Македонија.

H.E. Даниела Баришиќ ги пренесе своите размислувања за македонските интегративни процеси и разговараше за овие важни прашања со учесниците.

http://atamacedonia.org.mk/mk/media-centar/vesti/497-vtoro-predavanje-i-oficijalna-poseta-na-hr-ambasada-vo-mk