Сплит, 09 јуни 2018

МФ Тевдовски и гувернерката Ангеловска-Бежоска на Конституенцата на СБ и ММФ

Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на средбите Конституенцата на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат во Сплит, Хрватска.

На Конституенцата ќе се обратат заменик претседателот на Групацијата на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, како и извршните директори на ММФ и Светска банка, Антони Де Ланој и Френк Хемскирк.

На маргините на Конституенцата, министерот за финансии Тевдовски ќе оствари средба со министерот за финансии на Холандија Вопка Укстра.

Холандија претседава со Конституенцата во која е Македонија. Во неа членуваат и Хрватска, Украина, Израел, Романија, Бугарија, Луксембург, Кипар, Босна и Херцеговина, Молдавија, Ерменија и Црна Гора. На годишните состаноци на конституенците учествуваат министри и гувернери на банки, со  цел да ја зајакнат меѓусебната соработка и да разменат мислења на актуелни теми.

(izvor: https://finance.gov.mk/mk/node/7274)