Патување со животни


Куциња во придружба на сопственик, кои патуваат преку територијата на Република Хрватска и тие кои привремено престојуваат во Хрватска мораат пред влез во земјата да бидат означени со микрочип или јасно читок тетовиран број кој мора да биде впишан во сведителство (односно важечкиот ЕУ пасош за домашни миленици издаден во согласност со важечкиото законодавство на Европската унија).
Интернационалниот ЕУ пасош мора да содржи идентификациски информации и информации за вакцинација. Животното треба да биде вакцинирано против беснило најмалку 6 месеца пред влез во Хрватска, но не подолго од 1 година. Понатаму, пасошот мора да потврдува дека животното е во добро здравје и да не покажува сомнелж на заразни болести кои задолжително се пријавуваат и да не потекнува од подрачија во кои владеат заразни болести кои можат да се пренесуваат преку тој вид животни.

Во случај на увоз на животни во Република Хрватска со цел на продажба треба да се извади дозвола за увоз од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Хрватска, www.mps.hr