Конзуларни информации

 

Престој на странци во Република Хрватска

Престој на странци

Краткотраен престој - престој на странци во времетраење од 90 дена со или без виза.

Странец кој за влез во Република Хрватска не треба виза може да престојува во Република Хрватска најдолго 90 дена во временски период од 6 месеца, кои се сметаат од првиот ден на влез – член 43. став 1. и 2. од Законот за странци (,,Народни новини„ број 79/07).

Привремен престој

Барање за издавање на дозвола за ПРВ ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ се поднесува лично во надлежната дипломатска мисија односно конзуларното претставништво на Република Хрватска. Во Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија барање може да поднесат државјани на Република Македонија и странци који имаат престој во Република Македонија.

Заедно со барањето за издавање на одобрението за прв привремен престој странецот е должен да ги приложи следниве документи:

  • две фотографии во боја со големина 3 x 3,5 цм кои верно прикажуваат носителот на барањето
  • копија на важечка патна исправа
  • доказ за обезбедени средства за живеење (uzdržavanje) (потврдата за плата издадена од работодавачот, банково известување за средствата и др.)
  • доказ за обезбедено живеалиште во Република Хрватска (сопственички лист, договор за наем на стан, купопродажни договор и др.
  • доказ за здравствено осигурување
  • потврда дека лицето не е казнувано од државата чиј државјанин е тоа лице или од државата во која има постојан престој (не постара од шест месеци).

Воедно, со навдените прилози, а зависно од целта на привремениот престој, странецот е должен да ги приложи и другите докази од кои може да се утврди оправданоста на престојот во Република Хрватска (потврда за ученички или студентски статус, работна дозвола, односно договор за работа, дозвола за вршење на одредена професионална дејност, извод од регистарот на правните или физички лица за вршење на одредена дејност, потврда на медицинската установа во која се лекува или има намера да се лечи, извод од матичната книга на родени или венчани и сл.).

Докуменит кои се прилагаат кон барањето мора да бидат оригинали, нотарски заверени преписи или копии, а доколку е потребно, мора да бидат преведени и заверени за употреба во Република Хрватска.

 

Царински прописи во врска со патничкиот сообраќај

Ослободувања во патничкиот сообраќај

Странски и домашни патници се ослободени од плаќање на царина и данок при внесување на:

  • личен багаж, под кој се подразбираат сите предмети наменети за лични потреби на патниците во тек на патувањето – алишта, обувки, предмети за лична хигиена, фото-апарати, преносни уреди (радио, ЦД, ТВ, компиутер и сл.) Тие предмети не можаат да се дават на користење на други лица.
  • предмети кои немаат комерцијална природа (со оглед на видот и количина), кои не се наменети за препродажба – помали предмети за домашна употреба и поклони, а чија севукупна вредност не преминува 300,00 куни.

Патниците, освем за горенаведените предмети, се ослободени и од плаќање на царина за следната стока:

  • 200 цигари или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 гр. тутун
  • 1 литар алкохолен пијалак
  • 2 литри ликер или десертно или пенливо вино
  • 2 литри столно вино
  • парфем до 50 гр.
  • 250 мл тоалетна вода
  • лекови и медицински производи во колична неопходна за лични потреби на патникот
  • хомеопатски производи (едно пакување).

Патници помлади од 17 години не се ослободени од плаќање на царина за тутунски и алкохолни производи.

Ослободувањето не важи ни за посада во превозни средства, вработени на гранични премини и лица со престој во погранично подрачије.

На стока со потекло од држава со која Хрватска има склопено спогодба за слободна трговија, може да се примени пониска царинска стапка, ако се исполнети условите за преференцијално постапување. Во најголем број случаи таквата стока ќе се изземе од плаќање царина.

Предметите кои не ги исполнуваат наведените услови се подлложни на плаќање на царина и данок.